-->
-->
Српскиот претседател во посета на Косово
-->
Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе почне денеска дводневен престој на Косово со посета на браната Газивода и Зубин Поток, јави Танјуг.
Во Зубин Поток тој ќе го посети Центарот за екологија и развој на спортот и Центарот на Црвениот крст. Во Лепосавиќ српскиот претседател ќе се обрати на затворање на Бизнис форум.
Доцна попладнето е предвидена средба со политички претставници на Србите од Косово.
Полицијата на Косово вчера најави дека нема да му дозволи на Вучиќ да го посети поделеното езеро Газивода.
Тоа барање од српска страна беше одбиено од косовското Министерство за надворешни работи како „неосновано“, со оглед дека, како што изјави министерот Беџет Пацоли, таму нема ниту урбана населба, ниту население.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје