Српската војска со Русите вежба спречување државен удар
Во следните неколку дена српските специјалци заедно со руските и белоруските војници ќе вежбаат спречување државни удари, соопштуваат руските медиуми, пренесува српски „Блиц“.
Вежбата „Словенско братство 2015“, официјално има за цел вежбање на откривање и уништување илегални оружени формации.
Московските медиуми, повикувајќи се на изјавата на генерал Владимир Шаманов, пишуваат дека тие ќе вежбаат реакција во случај да дојде до протести како оние во кои беше урнат прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович.
Потпаролот на српското Министерство за одбрана капетан на Корвета Јован Кривокапиќ за „Блиц“ вели дека целта на учеството на единиците на војската во Србија во сите вежби е кревање на нивните оперативни и функционални способности, но и дека не сака да навлегува во политичката конотација која и се дава на вежбата.
- Оваа година имавме повеќе од 20 мултинационални вежби кои се важни поради интернационалното опкружување, работата на непознат терен, користењето на странска техника и запознавањето со нејзе, вели Кривокапиќ.
Поранешниот министер за одбрана на Србија, Драган Шутановиќ сепак смета дека без оглед на темата на вежбата Србија во моментот може да има повеќе штета отколку корист од неа.
- Фактот дека ЕУ реагираше оди во прилог на тоа дека доколку Владата е искрена за евроинтеграциите, мора својата надворешна и безбедносна политика да ја прилагоди на ЕУ, вели тој.
Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ претходно на забелешката од ЕУ дека со учеството во оваа вежба Белград испраќа лош сигнал, одговори дека Србија е неутрална, но и дека прифаќа секакво партнерство и размена на искуства.
Ново на Сител
-
Влада: Законот за заштита на децата ќе биде доработен и доставен до Собранието
-
Сиљановска Давкова не го потпиша указот за Законот за заштита на децата за двојазични лиценци во градинките
-
Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија
-
Минатата година беше најжешката досега во Србија
-
Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица
-
Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип
-
Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица
-
Осуденик физички нападнат во затворот Идризово