Средношколци од Македонија на трето место во Централна и Источна Европа по општо знаење
Средношколци од меѓународното училиште „Нова“ во Скопје освоија трето место на натпреварот по општо знаење CEESA Knowledge Bowl кој се одржа во Белград минатиот викенд. Бронзениот медал го добија во конкуренција од 16 тима од земји во Централна и Источна Европа.
Се работи за турнир каде од исклучително значење е брзината, а учесниците одговараат на случајно избрани прашања од различни области, како природни науки, историја, географија, уметност, лингвистика итн.
CEESA Knowledge Bowl се одржува секоја година во различни градови, а учествуваат образовни институции од Централна и Источна Европа.
- Презадоволни сме и од пласманот и од уделот на секој ученик во натпреварот. Го дадовме својот максимум и успеавме да победиме тимови кои важеа за фаворити. Секоја година испраќаме наша екипа на овој натпревар и, почнувајќи од 2015 година, учениците се враќаат со медал. Тоа е најголемото задоволство за секоја институција која е фокусирана на раст и развој на секој свој ученик со цел да го постигне својот максимален потенцијал, соопшти Меѓународното училиште „Нова“.
CEESA Knowledge Bowl во 2016 година се одржа во Скопје, а домаќин беше „Нова“. Тогаш двата македонски тима се пласираа на првото и второто место.
Натпреварот е дел од активностите на Асоцијацијата на образовни институции од Централна и Источна Европа (CEESA) во која членува и „Нова“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија туку вредност и насока
-
Филипче: СДСМ победи во три општини во првиот круг, граѓаните помасовно да излезат во вториот круг
-
Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи, во Вевчани победи Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ
-
Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на Чаир
-
Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, а Меџити во Чаир
-
ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново
-
Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО - ДПМНЕ во Битола
-
Тодорче Николовски прогласи победа во прв круг во Кратово