Србија се подготвува за изградба на граничниот премин Миратовац-Лојане со Македонија
Српската републичка дирекција за имот го огласи претходното соопштение за датумот за распишување на тендерот за изработка на планска документација за седум гранични премини, меѓу кои е и граничниот премин Миратовац-Лојане со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
Тендерот се планира да се распише на 9 мај, а како што соопшти бизнис порталот Екапија, станува збор за граничните премини Јаша Томиќ, Калуѓерово, Келебија, Ѓердап 1, Јабука, Љуба и Миратовац-Лојане.
Сите споменати гранични премини се веќе постоечки, па се претпоставува дека за нив ќе се направат проекти за реконструкција, освен за граничниот премин Миратовац-Лојане кој целосно треба да се изгради.
На крајот на 2019 година Србија и Северна Македонија потпишаа договор за воспоставување нов заеднички граничен премин Миратовац-Лојане. Во февруари минатата година, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија прави се за да го отвори новиот граничен премин Миратовац-Лојане, дека има значителен интерес од Албанците кои живеат од другата страна на српската граница овој премин да се отвори, „но дека тоа е не е едноставна и лесна работа“.
– Не поради политички причини, туку затоа што треба секојдневно да плаќате луѓе кои ќе работат, тоа се наши зголемени трошоци, а ние бараме да ги намалиме трошоците, но не грижете се и таа работата ќе ја завршиме, кажа Вучиќ.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата