СПМ: Пензионерите живеат во мизерија
Социјалистичката партија на Македонија го оправдува и го поддржува револтот на пензионерите и нивното барање за итни решенија за зголемување на пензиите.
Во социјална држава за каква сеуште ја сметаме Македонија пензионерите не смеат да бидат потценети и оставени на маргините на општеството.
Оттаму навидум зачудува зошто токму контроверзната претседателка на Сојузот на здруженијата на пензионери е повеќе заинтересирана за балансирањето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со средствата отколку за барањата на пензионерите кои живеат во мизерија и јавно протестираат.
Очигледна е нејзината одчовеченост и партизираност, но и политизацијата на Сојузот и неговото подредување за потребата од оправдување на политиката на Владата. Истото се однесува и на Партијата на пензионерите која неоправдувајќи ги пензионерските протести заедно со Сојузот на здруженијата на пензионери застануваат против интересите на граѓаните со ниски пензии кои едвај преживуваат. Тие немаат одговор како и за колку да се зголемат пензиите особено за најзагрозените категории.
За да биде блокадата на пензионерите комплетна и Министерствто за труд и социјална политика пензионерските протести ги оквалификува како политички мотивирани и затоа не ги прифаќа. Власта со нејзините трабанти бездушно и сурово е против најсиромашните пензионери кои молат да преживеат. Луѓе кои за врема на работниот век се вградиле во оваа држава и имаат право на елементарен однос и грижа, затоа што државата е нивна, а не на една мала група себични и криминални луѓе кои одлучуваат за човечки судбини.
Социјалистичката партија на Македонија на пензионерите им укажува дека Владата на Ковачевски е слепа и глува за барањата на граѓаните и на пензионерите и крајно лицемерно ги убедува во покачувањето на стандарот што е безобрана лага.
На коруптивната и однародена власт најважни и се тендерите и профитните зделки, додека за пензионерите нема ниту основен интерес.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека пензионерите и граѓаните треба добро да го запомнат однесувањето на СДС и ДУИ за што на предвремените избори кои се неопходни жестоко и безмилосно ги казнат за негативните политики и состојби во кои се доведени заради високата инфлација и несоодветниот модел на раст на економјата и раст на пензиите.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа