-->
-->
Спасовски – Секизќок: Има интерес за унапредување на економската соработка и поддршка од Турција за НАТО и ЕУ
-->
Претседателот на Владата Оливер Спасовски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Турција во нашата држава, Хасан Мехмет Секизќок, на која била потврдена турската поддршка за Македонија во НАТО и ЕУ интеграциите.
На средбата, како што информираат од владината Прес-служба, е заеднички констатиран напредок во односите помеѓу двете држави, посебно во областа на економијата, образованието, одбраната, културата.
Согворниците изразеле определби за унапредување на односите меѓу двете држави, за мотивирање на нови турски инвестиции во земјава и за зголемување на трговската размена, која што и сега е на високо ниво, со оглед дека Турција е меѓу десетте држави со коишто Македонија има најголема трговска размена.
– Насочени сме како Влада посебно кон економскиот развој на државата. По решенијата на сите други прашања важни за земјата, со посветеност работиме на развојот во областите што се од директен интерес за граѓаните, како што е економијата. Остануваме посветени на сите инцијативи за олеснување на соработката на овој план меѓу нашите две држави. И посебно сме благодарни за континуираната поддршка на Република Турција во остварувањето на нашите стратешки цели, членството во НАТО и напредокот во евроинтеграциите, се наведува во соопштението на владината прес-служба по средбата.
На средбата било оценето дека со полноправното членство на Република Македонија во НАТО, се создаваат можности за поблиска соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и кон заедничките приоритети во рамки на Алијансата. Изразена била и заедничка определба за борбата против тероризмот и обезбедувањето мир во државите и светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции