-->
-->
Спасовски: Се вакцинирав, се чувствувам одлично и се враќам на работните обврски
-->
Денеска, во вакциналниот пункт во Куманово, ја извршив личната и граѓанска должност со апликација на првата доза од вакцината на „Синофарм” за заштита од Ковид-19, согласно националниот план за имунизација, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по вакцинацијата.
„Се чувствувам одлично и се враќам на работните обврски.
Ве охрабрувам сите да го сторите истото, доколку сѐ уште не сте регистрирани, пријавете се на веб-страницата www.vakcinacija.mk - само со масовна имунизација ќе постигнеме колективен имунитет, тоа е единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот“, напиша Спасовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло