Спасовски-Баздникин: Уапредување на соработката особено во економијата
Односите меѓу Македонија и Руската Федерација се одвиваат на принципиелно и пријателско ниво и постојат потенцијали за унапредување на соработката во областа на економијата, образованието, науката и културата, беше заклучено на денешната средба на техничкиот премиер Оливер Спасовски и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.
Од владината прес-служба соопштија дека на средбата Баздникин донел писмо од рускиот премиер Михаил Мишустин, со благодарност до премиерот Спасовски, за честитката за неговото назначување на позицијата и со изразена подготвеност за унапредување и продлабочување на соработката, во областите значајни за граѓаните.
– Посветени сме на градењето добри односи со државите, на демократско ниво. Нашите стратешки приоритети се интеграциите во НАТО и ЕУ, кон што сме фокусирани, како и економскиот развој на државата. И ние гледаме можности за унапредување на економската соработка со Руската Федерација, во функција на подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани, истакна Спасовски.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите