Сопственици обвинуваат дека патот до Кожуф е затворен поради отворањето рудници
Сопственици на објекти кај Ски центарот „Кожуф” сметаат дека поради намерата да се отворат рудници, претходната власт им го затворила за сообраќај патот што води до нивните имоти.
Ангел Наков во име на сопствениците попладнево изјави дека регионалниот пат од Смрдлива вода до Ски центарот Кожуф бил пушен за сообраќај во декември 2013 година, но четири месеци подоцна во март 2014 година бил затворен за сообраќај.
- До денес овој патен правец е затворен за сообраќај. Полни четири години е без редовно одржување и е оставен на милост и немилост на природата. Приказната на надлежните е дека трасата била лоша, имало лош проект и планината била нестабилна. Сопствениците на објекти сметаат дека ниту трасата е лоша, ниту проектот е лош, туку основен фактор за оваа состојба е одлуката од претходната власт да го затвори овој патен правец и Ски центарот поради изградба на три огромни рудника на Кожуф, рече Наков.
Поради патот е стопирана и изградбата на скијачкиот центар Кожуф од 2012 година. - Имајќи во предвид дека во овој центар се инвестирани над 20 милиони евра, досега е нанесена огромна штета на сите инвеститори и сопственици, рече Наков.
Сопствениците бараат Владата веднаш да го оспособи регионалниот пат и да покрене постапка за одговорност. Наков најави и кривични пријави за сите раководни лица кои дозволиле пропаѓање на патот и неодговорно стопанисувале со него во изминатиот период.
Директорот на „Македонија пат“ Гајур Кадриу изјави дека патот до Ски центарот Кожуф е лошо трасиран и поради тоа е проблематичен.
Околу расчистувањето на снегот, Кадриу нагласи дека нивната механизација интервенирала на 10 и 11 март. - Снегот бил расчистен до рампата за влез во центарот, бидејќи до таму имало налог да се расчистува, истакна Кадриу.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација