Македонија
16. May 2016 - 8:42

Сообраќајот без забрани, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над пет тона) сообраќајот се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Демир Капија – Корешница – Војшанци).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.