Македонија
5. April 2024 - 8:13

Сончево со мала локална облачност, максималните температури од 20 до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 26 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со појава на повремена умерена облачност. 

-Денеска и в сабота ќе дува слаб до умерен, а в недела долж Повардарието повремено засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.