Сојузот на глуви се вклучи во акцијата за помош на жртвите во невремето во Скопје
Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија (НСГНМ) се вклучи во акцијата на Црвениот крст за донирање парични средства и хуманитарна помош за настраданите во невремето што викендот се случи во Скопје.
Претседателот на здружението Васко Марков на денешната прес-конференција рече дека во овие моменти пред се мораме да бидеме истрајни и хумани, како што сме покажале многу пати досега и сме учествувале со помош и поддршка на секој кој имал потреба.
- Националниот сојуз на глуви и наглуви изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите во невремето што викендот се случи во Скопје. Глувите лица се хумани луѓе и ги повикувам сите наши членови што помасовно да се вклучат со донации на ќебиња, храна, вода за пиење, пелени и кој што може и има во рамки на можностите, рече Марков.
Изразувајжи сочувство, истакна дека денес помошта е потребна на овие луѓе, а утре може на кого било од нас.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста