Собранието донесе три одлуки, Предлог-буџетот ставен како 16. точка на дневен ред
Собранието денеска во рамки на 54. седница донесе три Предлог-одуки, а попладне од 16 часот треба да ја продолжи расправата по останатите точки. На дневен ред се 50-тина законски решенија од кои дел се по скратена постапка.
Опозицијата реагираше што дел од законите се по скратена постапка, а како што посочи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, оваа нивна забелешка е констатирана и во Извештајот на Европската комисија за 2021 година.
– Она што долго време го говорам е веќе наведено и во извештајот на Европската комисија за 2021 година, а тоа е дека Собранието донело 159 закони од кои 67 во редовна постапка, дури 79 во скратена постапка и 13 ратификации. Велат дека останува загрижувачки бројот на закони донесени по скратена постапка, истакна Мицевски.
Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека се согласува со тоа дека треба да има што помалку закони во скратена постапка, но оти во моментот мора да се работи согласно Деловникот за работа, иако, како што напомена, треба да се преразгледа и прецизира процедурата за скратена постапка.
– Се согласувам со ставот дека треба да има што помалку скратени постапки, но процедурата е санкционирана со Деловникот којшто е на сила. Работиме на процесот „Жан моне“ и една од точките што треба да ја преразгледаме е токму оваа процедура да се прецизира, а начините зошто е вака пропишано во Деловникот, ги знаеме однапред ние што сме биле во некое време присутни овде, рече Џафери.
Досега, донесени се само три одлуки кои беа први точки на дневен ред и тоа одлуки за објавување јавен оглас за избор на заменик-директор на Агенцијата за заштита на личните податоци и за именување на член на Комисијата за заштита од конкуренција, како и Одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници и фондовите.
На денешната седница како 16. точка е ставен дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година.
На почетокот на седницата беа констатирани оставките на министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани и заменик-министерот за култура Седат Сулејмани
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина