Со оперативен план Ресен ќе се заштитува од поплави

Редовно одржување и навремено чистење на речните корита, каналите и водотеците, изградба на заштитни насипи на речните корита, особено на местата каде се евидентирани чести излевања, запознавање на населението за опасностите од појава на поплави и обука за превземање мерки и постапки за заштита и евакуација во тие услови, се дел од оперативниот план за заштита од поплави во општина Ресен.
Согласно планот, земјоделците ќе се обучуваат да применуваат добри земјоделски пракси за заштита и одбрана од поплави преку намалување на ерозијата и правилна обработка на земјиштето. Ќе се изработуваат проекти и ќе се бараат добри технички решенија за надминување на проблемите со отворените канали и пропусти, а предвидена е и изработка, усвојување и спроведување на урбанистички планови кои ја респектираат регулативата за природните водени токови и хидротехничка инфраструктура.
Планот ги опфаќа т.н. кризни точки и мерките за справување со евентуални изливи на водотеците од врнежи и топење на снегот од планините во Преспа.
Раководителот на Сектор за животна средина при Општина Ресен Ајман Алмалла информира дека континуирано работат со сите засегнати страни, за имплементација на овие мерки, со што значително ќе се намали ризикот од поплави. Општината, нагласи тој, ги користи и сите претходни анализи и податоци од досега случените поплави на подрачјето на Ресен.
- Оперативниот план за заштита и одбрана од поплави е изработен врз основа на квантитативна и квалитативна анализа за профилот на опасности, елементите на ризик, спецификите на општината, капацитетите, комуникацијата и координацијата на засегнатите страни, методологијата, упатствата, со основна цел на информативна, употребна вредност, носење одлуки, со одговорно и ефикасно спроведување на потребни и предвидени мерки за превенција и справување со проценетите ризици и опасност, истакна Алмалла.
Од извршените анализи од досега случените поплави и превземените мерки, според него, проценето е дека опасноста од поплави на подрачјето на Општина Ресен е од втор степен што означува низок ризик, односно редовна состојба со ретко манифестирани појави на загрозеност од поплави.
Генерално, со цел обезбедување на повисок степен на одбрана од поплави во општините, неопходно е да се пристапи кон изградба на целосен одбрамбено-заштитен систем, кој ќе се заснова на единствени принципи, а решенијата бараат сеопфатно проучување, големи вложување и рок на реализација, вели Алмалла.
Општина Ресен интервенирала на критичните точки по сите реки кои минатата година предизвикаа штети врз земјоделските површини како и врз домаќинствата.
Ново на Сител
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
-

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ, планирам средба со мојот бугарски колега
-

Три години силувал и злоупотребувал дете за креирање на порнографски содржини - Обвинителството побара притвор
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни
