Македонија
20. July 2022 - 13:30

Со „БМВ“ удрил во малолетник и маж

Малолетник и маж пренесени во болница откако биле удрени од „БМВ“.

- На 19.07.2022 во 20.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Мајор Чеде Филипоски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Е.(32) од с.Лакавица, удрило во пешакот Р.А.(58) од с.Здуње и во уште еден малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот пешак, а со телесни повреди Р.А., констатирани во Ургентниот центар во Гостивар, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.