-->
-->
Слоганот „Црните животи се важни“ испишан на улица кон Белата куќа
-->
Дел од 16-та улица која води кон Белата куќа во Вашингтон, по налог на градоначалничката Мјуриел Баузер, го доби името „Плоштад Црните животи се важни“.
Градоначалничката исто така нареди слоганот да биде напишан со големи жолти букви на улицата во знак на протест против ставот на претседателот Доналд Трамп кон протестите за убиството на Џорџ Флојд кој беше убиен за време на апсење.
Градоначалничката на главниот град на САД на својот профил на Твитер објави фотографија и видео од преименуваната улица.
Таа исто така побара од претседателот на САД да ја повлече федералната армија од улиците на главниот град, каде што беше испратена да и помогне на полицијата за време на судири со демонстрантите во претходните денови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време