Сликовница „Иван и Илина“ за уривање на предрасудите за Дауновиот синдром
Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ ја претстави детската електронска сликовница „Иван и Илина“ од авторката Мимоза Петревска Георгиева, која ги отсликува реалните ситуации кога едно типично дете ќе се сретне со дете со Даунов синдром.
Авторката на приказната Мимоза Петревска Георгиева е новинарка и мајка на 14-годишно девојче со Даунов синдром, илустрациите се на академската сликарка Маја Стефановска, а дизјанот е на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ.
- Целта на сликовницата „Иван и Илина“ е да ги отслика реланите ситуации кога едно типично дете ќе се сретне со дете со Даунов синдром. Таа зборува за запрашаноста, дилемите и стравовите со кои се соочува тоа дете и неговата потреба од соодветни одговори. Точноста и прилагоденоста на одговорите што ги добива од возрасните е клучен фактор во процесот на градењето позитивен став кон поинаквите врсници, вели Георгиева.
Сликовницата, според издавачот, е наменета за типичните деца на возраст од седум -12 години, бидејќи истражувањата покажуваат дека токму на оваа возраст децата ги градат негативните стереотипи за луѓето со било каква различност. Таа содржи и корисни совети напишани на приемчив јазик за децата на оваа возраст, за тоа кои се спецификите на нивните врсници со Даунов синдром, како и корисни препораки како да се однесуваат со нив.
Сликовницата е реализирана со поддршка на Град Скопје.
Ново на Сител
-
ДИА: Путин е убеден дека ќе победи во војната во Украина
-
Ѓоковиќ го освои 100. трофеј во кариерата
-
Николоски: Нова авиолинија Скопје - Ларнака од 31 октомври
-
Плинска боца експлодирала во стан во Штип, повредена сопственичката
-
Скопјанка измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајка
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на атлетска трка
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина