Македонија
12. јуни 2024 - 16:33

Следното рочиште за Пендиков закажано за 10 септември

Со распит на сведоци продолжи рочиштето за Пендиков  

Со распит и вкрстено испрашување на тројца сведоци на обвинителството  денеска продолжи рочиштето за случајот Пендиков.Двајца од сведоците Сергеј и Саво Костоски кажаа дека не се сеќаваат на ништо таа вечер ,додека вештото лице експерт по судска медицина и криминалистика Зоран Котевски истакна дека повредите кај оштетниот можеле на највисоко ниво да се  санираат и во нашата земја ,па тука според адвокатот Цобоски се отвара мотивот зошто овој случај беше наткренат.

Од исказот на Пендиков кој го даде пред судот и снимката  од надзорната  камера според адвокатот на оштетениот Камишевски најмалку две лица учествувале во тепачаката.

Пендиков беше нападнат на 19-ти јануари 2023 год во угостителски објект на Кејот на Охридското Езеро.

Инаку следното рочиште  за овој случај е закажано за 10 септември .