-->
-->
Скопје домаќин на 46. Меѓународен боксерски турнир „Златен Гонг“
-->
Една од најстарите спортски традиционални манифестации во нашата земја, боксерскиот турнир „Златен Гонг” годинава по 46-ти пат ќе се одржи во Скопје. По тој повод денес во Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција на која покрај за турнирот, новинарите беа информирани и за иницијативата за формирање регионална лига на бившите ју-простори.
- Влогот на многумина низ изминативе 46 години во организирањето на овој настан придонесе „Златниот Гонг“ да прерасне во спортски настан кој го промовира нашиот град и нашата држава, оставајќи траен белег низ спортот. Токму со одржувањето на „Златниот Гонг“ ние ја продолжуваме традицијата на големи светски настани одржани во Република Македонија. Впрочем, меѓународниот традиционален турнир во бокс претставува едно од најголемите и најстарите натпреварувања во Европа. Благодарение на доајенот на боксерскиот спорт во Македонија, Живко Дуковски, кој е основач на овој турнир, Златниот Гонг е синоним за секое боксерско име од светската боксерска сцена, рече директорот на АМС Марјан Спасески.
Се очекува на рингот да се појават преку 50 натпреварувачи од 12 европски земји. Македонската селекција ќе ја сочинуваат шест боксери, кои ќе се натпреваруваат за еден од трите пехари и тоа, најпрестижниот Златен гонг за најдобар боксер, пехар за најдобар техничар и пехарот за најдобар Македонски боксер. Пехари ќе добијат и најдобриот тренер, најдобриот судија и секако трофеј ќе има и за најдобриот странски боксер.
Традиционално, главен покровител на овој настан е Агенцијата за млади и спорт, која годинава одвои 900.000 денари за организацијата на овој боксерски турнир.
Борбите ќе се одржат во СЦ „Борис Трајковски“ утре и в сабота.
Македонски претставници ќе бидат: Исак Сулејмани (-52 кг.), Алмир Нуришов (-56 кг.), Јасир Лама (-60 кг.), Лујзим Исмаили (-69 кг.), Гоце Јаневски и Бобан Илиевски (- 75 кг.)
Во исто време додека ќе се одржува турнирот 14 познати боксерски имиња од поранешната југословенска држава ќе разговараат за иницијативата за формирање регионална лига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“