Скопјанец се обидел да силува две девојки во Центар
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за извршени две кривични дела - “силување во обид“, предвидено и казниво по член 186 став 2 и 1 вв 19 од КЗ на РМ, каде со употреба на сериозна закана и физичка сила се обидел да изврши обљуба врз оштетените, но истиот бил спречен во намерата.
За извршените кривични дела, од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Кривичните дела, пријавениот ги извршил на 17ти овој месец околу 17,00 часот на подрачје на општина Центар.
Едното кривично дело го извршил ул.„Кеј 13-ти Ноември“ на пешачката патека, врз оштетена странска државјанка која што во тој период трчала на трим патеката, а вториот обид го извршил на бул. „Крсте Мисирков“, поточно во близина на Адвокатската улица, врз оштетана којашто поминувала по улицата.
А.С. минува во крим евиденциите на МВР и против истиот поднесени се четири чривични пријави за извршени четири кривични дела од областа на имотните деликти.
Ново на Сител
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот