-->
-->
Скопјанец криел марихуана во куќата на неговиот дедо, доби обвинение
-->
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 25-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-Обвинетиот, на 16 јануари, во куќата на неговиот дедо во Чаир, неовластено заради продажба држел 105,55 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во 23 зипер-ќесички. При претресот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од марихуана, информираат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за обвинетото лице, која претходно беше определена од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник