Сити нема доволно пари за Меси?!
Лионел Меси, најдобриот фудбалер на Барселона, одбил астрономска понуда од Манчестер сити, откриваат новинарите на „Марка“.
Според мадридскиот весник, Манчестер сити му понудил на Аргентинецот бонус 100 милиони евра само за потпис на договорот и годишна плата од 50 милиони нето, но не е откриено дали се во прашање евра или фунти.
Доколку платата требало да биде во фунти, кога тие 50 милиони ќе се пресметаат во евра, тоа изнесува 57 милиони.
Шеикот Мансур бин Зајед Ал-Нахјан, сопственикот на Манчестер сити, сакал по секоја цена да го донесе на „Етихад“ петкратниот освојувач на „Златната топка“ и понудата ја испратил директно до претседателот на Барселона, Џосеб Марија Бартомеу.
„Марка“ пишува дека периодот помеѓу двете сезони бил клучен за трансферот и дека шеикот го сакал Меси, без оглед на шпекулациите дека тој е во добри односи со поранешниот свој тренер, кој сега го предводи Сити, Пеп Гвардиола.
Понудата била толку финансиски богата што на „Камп Ноу“ морало да одговорат во сличен манир, само за да го задржат во своите редови фудбалерот кој многу пати рекол дека сака да се пензионира во дресот на Барселона.
Лионел Меси пред десет дена потпиша нов договор со Барселона, до јуни 2021 година, кога тој ќе има 34 години. Аргентинецот годишно ќе заработува 43 милиони евра, со што стана најплатениот светски фудбалер.
Токму понудата на Манчестер сити ги натерала челниците на Барселона да постапат на ваков начин.
„Многу плативме“, рече Бартомеу по потпишувањето на договорот.
Лионел Меси со Барселона досега има освоено 30 трофеи, одиграл 604 натпревари и постигна 524 гола.
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче