Силниот тајфун Непартак се приближува кон Јапонија
Моќниот тајфун Непартак, кој се формира во Тихиот Океан, продолжува да се движи кон Јапонија и во среда наутро по локално време ќе го погоди североисточниот дел на главниот остров Хоншу, јавија западни медиуми, повикувајќи се на Националната метеоролошка управа на Јапонија.
Брзината на ветерот во централниот дел на тајфунот ќе достигне 20 метри во секунда, а налетите на ветрот ќе изнесуваат до 30-35 метри во секунда.
Непартак сега е на 230 километри југоисточно од соседната префектура Чиба во Токио и се движи северо-источно, каде се наоѓаат префектурите Фукушима, Мијаги и Ивате. Локалното население е предупредено за опасност од излевање на реките и формирање свлечишта.
Поради оваа природна непогода, некои од настаните на Олимписките игри во Токио беа преместени за друг датум.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип