Силите за заштита на народот демантираат дека Африн е под опсада на турската армија
Курдските Сили за заштита на народот демантираат дека турската армија го опколила сирискиот град Африн.
- Силите на турската армија на Ердоган се на 10 до 15 километри од Африн, изјави портпаролот на Силите за заштита на народот, Нури Махмуд.
Претходно, тирскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека турската армија го опколила градот Африн во северозападна Сирија и во секој момент може да почнат да навлегуваат кон неговиот центар.
Турската армија заедно со сириските бунтовнички групи, што ја имаат поддршката на Анкара, на 20 јануари почна воена оперцијата против Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн. Цел на операцијата, нарчена „Маслиново гранче“, според Анкара е потиснување на борците на Силите за заштита на народот од реоните долж сириската граница кон Турција.
Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автиномија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста