Шведската железница го запира сообраќајот преку новиот мост кон Данска
Шведската државна железница (СЈ) соопшти дека го запира сообраќајот преку новиот мост што ја поврзува Шведска со Данска, затоа што не може да обезбеди проверка на идентитетот на патниците кои влегуваат на шведската територија.
Владата во Шведска донесе нов закон со кој транспортните компании во земјата се обврзани да врши контрола на патниците, а посебно на тоа дали имаат валидни документи со фотографија, за идентификација.
Целта на овој закон е да се запре напливот на бегалци.
Управата на СЈ соопшти дека нема време за да се подготви за една ваква сложена операција, со која треба да се проверуваат сите кои патуваат од Копенхаген кон Малме и Стокхолм, преку мостот Оресунд.
Новозиградениот мост кој е за патен и за железнички сообраќај и ги поврзува двете соседни земји,е најдолг во Европа.
Околу 18 илјади луѓе, секој ден минуваат преку овој мост.
Шведска оваа година има примено околу 150 илјади апликации за давање азил на мигранти, а од неодамна, какао последица на бегалската криза во Европа, владата во Стокхолм привремено ја суспендира Шенгенската спогодба за слободно движење низ земјите од ЕУ.
Одлуката на државната железница, стапува во сила од 4 јануари, од кога почнува да важат и одредбите на новиот закон. ти/ссм/13:26
Ново на Сител
-
Уапсен руски милијардер поради серија убиства
-
Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Најверојатно е Македонец загинатиот во експлозија во стан во Белград, подготвувал бомба за ликвидација на дилер на дрога
-
Поднесено обвинение против лице за демнење на неговата поранешна сопруга
-
Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас
-
Маж во Ѓорче Петров ја тепал и давел својата партнерка која од повредите изгубила свест
-
Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб