Фудбал
2. August 2021 - 15:23

Шведска и Канада во женското фудбалско финале на ЛОИ во Токио

Шведска и Канада ќе играат во финалето на женскиот фудбалски турнир на Олимпијадата во Токио. 
 
Во северно-американското полуфинало дерби, Канаѓанките со 1:0 ги победија Американките. Иако избраницчите на Влатко Андоновски,македонскиот стратег на клупата на американскиот тим, имаа повеќе од играта, а создадоа и големи број на шанси, сепак не искористија ниту една, па на спротивната страна стигна казната.  Во 73-тата минута Роуз беше фаулирана во казнениот простор, а по прегледот на ВАР-снимката, судијката покажа на белата точка. Најстрогата казна во гол за победа ја реализира Џеси Флеминг постигнувајќи го единствениот гол на мечот. 
 
Еден гол го реши и ворото полуфинале меѓу Швадска и Австралија во кое се радуваа Швеѓанките и тоа благодарение на умешноста и снаодливоста на 
Фридолина Ролфо во 46-тата минута.
 
Женското фудбалско олимписко финале, меѓу Канада и Шведска, ќе се игра во петок (6 август) со почеток во 4 часот наутро. Ден поразно (четврток – 5 август од 10 часот) за бронзата ќе се борат фудбалерките на САД и Австралија.
 
Утре на програмата се полуфиналните дуели во машка конкуренција, во кои за место во големото финале ќе играат Бразил - Мексико (од 10 часот) и Шпанија против домаќинот Јапонија  (од 13 часот)