Шумски пожар беснее западно од Барселона, уништени 1.100 хектари
Шумски пожар беснее на околу 100 километри западно од Барселона уништувајќи досега 1.100 хектари шума и земјоделско земјиште, соопшти денеска каталонската Комисија за шумарство на Твитер, пренесе ДПА.
Постои загриженост дека ветерот, што вообичаено во регионот почнува околу пладне, дополнително да го разгори пожарот, поради високите температури од околу 30 степени и силната суша. Од пожарот директно се загрозени 5.000 хектари шума и земјоделско земјшите. Ова е досега најголемиот шумски пожар годинава во густо пошумениот регион на Каталонија, пишува весникот „Ел периодико“.
Пепелта веќе стигна до делови од Барселона, додава ДПА. Покрај локалните противпожарни единици и единиците за гаснење пожари, во акцијата на гаснење на пожарот од утринава се вклучени и војниците на шпанската армија. Земјоделците во регионот беа повикани веднаш да ги изораат своите полиња за да создадат бариери против пламенот. Околу 80 лица од регионот вчера мораа да ги напуштат своите домови од пожарот, за кого се уште не се знае причината за појавувањето
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори