Македонија
17. January 2021 - 21:16

Што ги тера луѓето своите приватни проблеми да ги решаваат на социјалните мрежи на очиглед на јавноста?

Се оладила бидејќи не сум повеќе директор... Имаме две малолетни деца и не ми се верува дека го направи ова преку Фејсбук... Го прошета шалот „Гучи“ од 300 евра на средба со синдикалците... Се пресметувал со момчето на цимерката на неговата љубовница!

Ова се ударните приказни кои тераат во недоглед, полни со детали од приватниот и интимен на повеќе или помалку познати личности од чаршијата, политичкиот свет, естрадата. Пикантериите почнуваат на социјалните мрежи, а завршуваат на медиумите. Социолозите велат дека оваа потреба да се сподели интимата, а од друга страна да се дознае од љубопитната публика е вообичаено човечко однесување, но предупредуваат дека треба да се внимава што се споделува на социјалните мрежи.

Овие стории најмногу се вртат околу поличарите или функционирите, кои неретко самите ги продуцираат истите, па е можна и нивна злоупотреба за пошироки цели, велат социолозите.

Најчесто ваквите информации не остануваат на социјалните мрежи туку влегуваат и во медиумската сфера. Ескпертите за интернет медиуми посочуваат дека регулативите, но и пристојноста и добриот вкус треба да бидат репер за нивно објавување.

Нема дилема дека интимните исповеди и приватните пикантерии на социјалните мрежи се најчитани и со најмногу коментари, не само кај нас туку и во светот. Заклучокот на експертите е да внимаваме сето тоа да не се одрази негативно врз нашата психа, нашиот животот и животот на блиските.