Штип бележи рекорден број на новозразени со коронавирусот
Една недела ќе бидат затворени канцелариите и на регионалната канцеларија на Акционерското друштво за станбен и деловен простор, најави денеска командантот на Општинскиот кризен штаб и градоначалник на Општина Штип, Благој Бочварски. Таму вработените нема да одат на работа од превентивни причини, бидејќи на еден од вработените член на семејството е позитивен на Ковид 19.
-Немаме регистрирано случај на позитивен во оваа институција, но со цел да не се шири заразата од превентивни причини вработените ќе седат дома, вели Бочварски.
Се чекаат резултатите од тетсирањето на вработените во Фондот за ПИОМ и за ФЗО, кои работат во иста зграда. Бочварски истакна дека денешната рекордна бројка на новозаразени вкупно 33, според Институот за јавно здравје се должи на масовното тестирање на над 800 работници во седум штипски конфекции. Тој забележа дека дел од нив ги пуштиле работниците на колективен годишен одмор, а онаму каде што нема позитивни случаи продолжиле со процесот на производство.
На штипското Инфективно Одделение се лекуваат 25 пациенти, од нив пет се на кислородна поддршка, еден пациент на возраст од 86 години е во потешка општа состојба.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево