Шпански офталмолози на очната клиника извршија витроретинални хириршки интервенции
На Клиниката за очни болести – Скопје денеска престојуваат двајца реномирани специјалисти-офталмолози од Валенсија, Шпанија, кои работат во одделот за офталмологија во рамките на Фондацијата за развој на здравствените и биомедицински истражувања на заедницата на Валенсија – ФИСАБИО.
- Специјалистите од Валенсија заедно со тимот македонски доктори веќе успешно изведоа две интервенции на Клиниката, а во текот на денот ќе изведат уште дополнителни две. Станува збор за поспецифичен вид на витроретинална хирургија од онаа што досега се врши на Клиниката, која го опфаќа најчувствителниот дел од ретината – центарот за вид, односно хирургија на центарот за јасен вид. Со вршењето на овие интервенции се постигнува значително подобрување на видот кај пациентите. Со помош на техниката видео-снимање на операциите, се врши директно емитување на интервенциите во библиотеката на клиниката, со цел едукација на специјализантите кои имаат можност да ги следат интервенциите, се вели во денешното соопштение од Клиниката.
Министерството за здравство минатата година потпиша Меморандум за соработка со директорот на ФИСАБИО, со кој се опфатени повеќе аспекти на соработка, меѓу кои и можноста експерти од одделот за офталмологија да спроведуваат обуки во Република Македонија.
Станува збор за специјалисти-офталмолози со повеќегодишно искуство во областа, од кои едната докторка е медицински директор на одделот за офталмологија во ФИСАБИО.
Инаку, мрежата на ФИСАБИО во Валенсија опфаќа повеќе од 1500 здравствени работници, меѓу кои и доктори-специјалисти од различни области.
Ново на Сител
-
Судот одби да го стави Марковски во притвор
-
Возачот што го прегази Југослав Николовски на кејот призна вина за сообраќајката, ќе се брани за неукажување помош
-
Зеленски за руските напади врз украинските енергетски постројки: Потребна е решителна акција од сојузниците
-
Две лица од Неготино криумчареле седум мигранти, меѓу кои пет малолетници
-
Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните
-
Израелската влада го одобри договорот со Хамас
-
Седумгодишно дете загина во руски напади во областа Запорожје
-
Без вода дел од корисниците на булеварите „Илинден“ и „ВМРО“