-->
-->
Шпанците го нервираат Роналдо
-->
Водат ли шпанските весници хајка против Кристијано Роналдо или пак навистина Португалецот е во незгодна ситуација во врска со судскиот спорт што се води против него поради даночно затајување.
Медиумите тврдат дека Роналдо не успеал да се договори со обвинителството тој да плати 3,8 милиони евра и да ја признае вината. Роналдо наводно не платил данок во износ од 14,7 милиони евра во периодот од 2011 до 2014 година.
Португалецот минатата година пред судот негираше дека избегнал да плати данок, а во понеделникот потврдил дека обвинителството одбило да се спогоди.
„Не се обидувајте да ми го расипете убавиот момент со лажните вести. Животот е добар. Благословен“, напишал Роналдо на Инстаграм.
Покрај проблемите што ги има со даночните власти, Португалецот е тема на медиумите и поради четирите гола што ги постигна на натпреварот против Џирона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости