Македонија
6. December 2017 - 14:17

Шилегов: Забраната за автомобили на Водно се уште важи и тоа ќе се види уште в петок

 Градоначалникот на Град Скопје денеска изјави дека забраната за движење на моторни возила до Средно Водно важи и натаму, дека таа се почитува, освен во неделата кога, како што рече, несовесни граѓани го злоупотребиле отсуството на полицијата и ја прекршиле.

- В петок кога е државен празник и кога важи забраната ќе бидете сведоци дека во целост ќе го забраниме сообраќајот на возилата од 9 часот наутро до 16 часот попладне, рече Шилегов одговарајќи на новинсрско прашање при посетата на пунктот за бездомници во Момин Поток.

Додаде дека е прилагоден и возниот ред на јавниот градски сообраќај, оти автобусите се почести со цел да не се создаваат гужви и граѓаните да можат да го користат. с