Шилегов во посета на граѓаните на општина Градско
Потпретседателот на СДСМ Петре Шилегов беше во посета на општина Градско на средби со граѓаните и поддржувачи на партијата.
Во разговорите со граѓаните потпретседателот Шилегов посочи дека Владата предводена од СДСМ во изминатата година оствари клучни мерки од програмата преку кои се обезбедуваат повеќе пари за граѓаните, повеќе странски инвестиции и нови работни места, и дека Македонија има само еден завет, а тоа е просперитетна иднина.
- Во оваа една година зад нас, Владата што ја предводи СДСМ се определи за реформи кои Македонија ја движат напред, обезбедуваат економски раст, инвестиции и повеќе пари кај граѓаните. Затоа растат платите и 90 илјади граѓани земаат повисока плата. Затоа имаме рекордни 235 милиони евра странски инвестции за три месеци. После изгубени 11 години, Македонија нема време за губење. Македонија пред себе има само еден завет, а тоа е просперитетна иднина која обезбедува економски раст и полноправно членство во НАТО и ЕУ, истакна Шилегов.
Како партија предводник на Владата, додаде Шилегов, продолжуваме посветено да работиме на спроведувана реформите што од Македонија градат модерна европски развиена држава, земја партнер и пријател на демократскиот свет.
Раководството на СДСМ и во периодот што следува продолжува со посети на општини и населени места. Го слушаме гласот и се грижиме за потребите на граѓаните.
Ново на Сител
-
Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково
-
Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на беспилотни летала
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје
-
Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте
-
Роналдо му се заблагодари на Пиоли по заминувањето од Ал-Наср
-
Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција
-
Трамп ја потврди посветеноста на колективната одбрана на НАТО и го поздрави растот на трошоците за одбрана
-
Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии