Шест македонски автори претставени во Софија
Пред многубројна публика во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вчеравечер беа промовирани шест романи од помладата генерација македонски писатели преведени на бугарски јазик.
Бугарските книгоиздателства „Персеј" и „Изида" во изминатите две години издадоа десетина книги на македонски автори, а на оваа промоција беа претставени романите „Вишновата хроника" од Фросина Пармаковска, „Куфер за тројца" од Живко Грозданоски, „Бездомникот со златен часовник" од Вера Калин, „Црвено и бело" од Михајло Свидерски, „Безимената месечева соната" од Давор Стојановски и „Очи со боја на чевли" од Петар Андоновски.
- Овие дела веќе предизвикуваат интерес кај бугарската читателска публика, а во Македонија беа финалисти на наградата „Роман на годината", Оваа генерација македонски писатели предизвикува исклучителен интерес и кај стручната јавност, но најмногу кај читателската публика. Наградувани се со бројни домашни, но веќе и со меѓународни признанија, информира КИЦ на РМ во Софија.
За авторите и нивните дела зборуваа Васко Шутаров, од име на домаќинот и иницијатор на овој проект - Културно-информативниот центар на Република Македонија, Пламен Тотев од име на книгоиздателствата „Персеј" и „Изида", и Тања Попова од име на преведувачите на овие дела.
- Интересот за конкурсот на Министерството за култура за поттикнување на превод на македонски автори во странство, имаше исклучителни резултати во книгоиздателството во Бугарија. Изминатите неколку години, преведени се и издадени повеќе од 25 дела, од сите литературни жанрови и од сите писателски генерации. КИЦ на Република Македонија веќе ги промовираше стихозбирките „Ѕвезден корен" од академик Анте Поповски и антологијата на современата македонска поезија „Портал на сонцето". До крајот на годината ќе бидат промовирани дела од академиците Влада Урошевиќ и Луан Старова, како и неодамна излезениот роман на Јулијана Величковска „Годишни времиња", наведува КИЦ на РМ во Софија.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци