Шефот на НАТО ја пофали германската поддршка за Украина пред средбата во Букурешт
– Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја пофали поддршката на Германија за одбраната на Украина од руската инвазија, во изјава за неделното издание на германскиот весник „Велт“, два дена пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Алијансата во Букурешт.
„Силната поддршка на Германија прави одлучувачка разлика“, рече Столтенберг.
Германија претходно беше постојано критикувана од високи украински функционери дека бавно обезбедува воена опрема и затоа што одбива да испрати тешко оружје.Столтенберг рече дека германската опрема спасува животи во Украина.
Сепак, тој додаде дека „сите мора да ја задржиме нашата поддршка за Украина и да ја зголемиме“.
Столтенберг рече дека рускиот претседател Владимир Путин реагира на повлекувањето на неговата војска со „зголемена бруталност“.
Како пример, тој го наведе таргетирањето на украинската енергетска инфраструктура во пресрет на зимата.
„Путин се обидува да ја искористи зимата како оружје, но нема да успее“, додаде шефот на НАТО.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд