Шефот на холандската дипломатија Берт Кундерс во посета на Македонија
Министерот за надворешни работи на Кралството Холандија Берт Кундерс денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
Шефот на холандската дипломатија ќе оствари средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски и ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.
- Во фокусот на разговорите на двајцата министри ќе бидат мигрантско-бегалската криза, претседавањето на Холандија со Советот на ЕУ и евроинтеграцискиот процес на Република Македонија, како и билатералните односи помеѓу двете држави, информира Министерството за надворешни работи.
За време на работната посета, Кундерс ќе го посети и Прифатниот центар за бегалци „Винојуг“ во Гевгелија, каде што ќе биде пречекан од државниот секретар на Министерството за внатрешни работи Анастасија Илиеска.хс/цр/07:57
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети