Северна Кореја истрела балистички ракети
Северна Кореја истрела балистички ракети од нејзиниот источен брег, соопшти денеска војската на Јужна Кореја, што е најнов во серијата тестови на оружје додека Сеул и САД ги спроведуваат своите најголеми заеднички воени вежби во последните неколку години.
Јужнокорејската војска прецизираше дека станува збор за две балистички ракети со краток дострел.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека Јапонија собира информации и оти не е потврдена некаква штета поврзана со лансирањето.
Два дена претходно, Северна Кореја тестираше, како што наведе Пјонгјанг, две стратешки крстосувачки ракети од подморница, додека пред една недела севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и нареди на војската да ги засили вежбите со цел да се одврати и да одговори на „вистинска војна“ доколку е потребно.
Јужнокорејските и американските сили вчера почнаа 11-дневни масовни заеднички воени вежби „Штитот на слободата 23“ за да се спротивстават на растечката закана од Северна Кореја.
Пјонгјанг ги критикува воените вежби на сојузниците како проба за инвазија.
Ново на Сител
-
Исчезнато повозрасно лице од Штип, институциите трагаат по него
-
Влада: Зголемени платите во здравството за 5 проценти, капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за 33 отсто, за стоматолозите за 23 проценти
-
Во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова се одржа дебата за „Предизвиците со интеграцијата на Ромите низ призма на младите“
-
Кривична пријава против три лица од Струмица поради грабнување на 32-годишна жена
-
Најстудено на Попова Шапка -12 степени, над нулата само во Велес и Гевгелија
-
Агенцијата за храна на ОН предупреди дека намалувањето на финансирањето е „смртна казна“ за милиони
-
Активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово - Попова Шапка
-
Собранието ќе ја одржи новата 43. седница