Семејствата на загинатите Срби во северно Косово ги презедоа телата во Приштина
Во Институтот за судска медицина во Приштина денеска е завршена обдукцијата на телата на тројцата убиени Срби за време на вооружениот конфликт на 24 септември во Бањска кај Звечане, по што семејствата на загинатите денеска ги презедоа нивните тела, јави дописникот на МИА од Приштина.
Еден од правните застапници на семејствата на убиените Срби при преземањето на телата изјави дека резултатите од обдукцијата ќе бидат познати за 15 дена.
Пред Институтот за судска медицина во Приштина беа присутни и адвокати на семејствата на жртвите и припадници на косовската полиција.
Во судирот на вооружена група Срби со косовската полиција во Бањска, кој настана откако беше убиен косовскиот полицаец Африм Буњаку, беа убиени тројца од неколкуте десетици напаѓачи.
Медиумите објавија дека станува збор за лицата Стефан Недељковиќ, Игор Миленковиќ и Бојан Мијаиловиќ, сите тројца државјани на Косово, со тоа што Миленковиќ и Мијаиловиќ имале и српско државјанство. Недељковиќ е жител на Звечане, додека другите двајца се од Лепосавиќ.
Ново на Сител
-
ФИФА одлучи: 48 екипи за Светското првенство во фудбал за жени
-
Шефот на дипломатијата на Србија: Нема да има санкции од ЕУ поради посетата на Вучиќ на Москва
-
САД и Кина денеска почнуваат трговски преговори во Швајцарија
-
Приведен стружанец, управувал мотоцикл со 2,28 промили алкохол и излетал од патот
-
За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка
-
Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано
-
Најмногу дожд во Охрид, Битола и Кавадарци
-
Рим со засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти