Сејдини: Со самото учество на ЕП постигнавме успех, немам проблеми ниту со играчите ниту со селекторот
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, рече дека самото учество на ЕВРО 2020 е успех за македонскиот фудбал.
– Секоја работа околу организацијата ФФМ ја оствари уште во декември или почетокот на годината, така што се знаеше кој, каде и што ќе работи и што ќе биде. Околу резултатите беше исто прашањето дали сме задоволни или не. Ние со самото учество веќе задоволувавме се. Самото учество за нас беше предизвик. Им посакувам многу среќа на нашите фудбалери, го дадоа својот максимум. Дали искуството, дали нешто друго резултатите беа тие коишто веќе ги знаете, изјави Сејдини.
Тој ги демантира шпекулациите кои се појавија дека има нарушени односи со некои од фудбалерите и со селекторот Игор Ангеловски.
Сум кажал и претходно, односот мој како претседател е ист, како што бил и досега. Јас односи имам со сите и со фудбалери и со селектор и со стручниот штаб и со другите, така што јас немам никаков проблем со никого, нагласи Сејдини по враќањето на репрезентација од 16. Европско првенство.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка