-->
-->
СЕХА: Вардар „реди“ победи
-->
Ракометарите на македонскиот шампион Вардар остварија нова победа во СЕХА лигата откако попладнево пред своите навивачи ја победија словенечката екипа Горење со 40:32 (21:12). Ова за „црвено-црните“ е шеста победа во серија во ова натпреварување и го задржаа првото место на табелата.
Во текот на целиот натпревар македонскиот тим беше подобрата екипа и водството постојано го зголемуваше. Во неколку наврати гостите од Велење успеаја да намалат, но ниту еднаш не го направија резултатот неизвесен.
Најефикасен на дуелот беше Тимур Дибиров со 7 голови, додека по 5 постигнаа пикерите кај Вардар Стојанче Стоилов и Рожерио Фереира. Најпрецизен кај Горење беше поранешниот играч на Вардар Матијаж Брумен со 6 голови, додека вториот „екс вардарец“ во редовите на словенечкиот тим Алем Тоскиќ постигна 2 гола.
Табела: Вардар 19 бодови, Мешков Брест 10, ППД Загреб 9, Веспрем 9, Цеље 9, Металург 4, Нексе 4, Горење 3, Татран Прешов 3, Извиѓач 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје