Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На дневен ред на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е утврдувањето на Предлог - одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на оваа Комисија.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ќе разгледа годишните извештаи на неколку институции.
На дневен ред се Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2015 година, Извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2016 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка во 2016 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2016 година, Годишниот извештај за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2016 година, Годишниот извештај на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од 1 јануари до 31 декември 2016 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2016 година, Годишниот извештај за работата на Комисијата за воедначување на казнената политика во 2016 година и Извештајот за работата на Судскиот буџетски совет и реализацијата на Судскиот буџет за 2016 година.
Ново на Сител
-

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
-

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
-

Сончево со слаб ветер, температура до 16 степени
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
