Се заледил кога му го слушнал гласот: Таткото го погребал синот, а тој му се јавил по 11 дена
Френк Кериган (82) доживеал шок кога го слушнал гласот на својот син (57) кој, мислел дека го погребал пред 11 дена.
Имено, на Френк во полиција му соопштиле дека неговиот син (57) е пронајден мртов на улица, и наводно го идентификувале според отисоците. Френк и неговото семејстов го погребале човекот што мислеле дека е неговиот син.
-Твојот син е жив, му рекол долгогодишниот пријател Бил Синклер пред да му даде телефонот на неговиот вистински син кој изговорил „Здраво тато“.
неволјите на Кериганови почнале на 6 мај кога на Френк полицијата му соопштила дека човекот кој е пронајден мртов во паркот е неговиот син, кој страдал од психичка болест и живеел на улица.
Френк повикал полиција за да праша дали да дојде и да го идентификува синот, а тие му рекле дека нема потреба, зошто е идентификуван според отисоците.
-Кога некој ќе ми каже дека ми е мртов синот, и дека имаат отисоци од прстите, му верувам. Да не ми речеа дека сигурно е тој, јас веднаш ќе отидев таму, вели Френк/
Погребот е одржан на 12 мај, а таткото толку бил скршен од болка што не го погледнал добро телото.
-Кратко го погледнав и му ја допрев косата. Не знаев како би изгледал мојот син мртов, раскажа Френк.
Семејниот адвокат рече дека не верува оти полицијата можела да направи идентификација според отисоците, па ја искористиле старата слика од возачката дозвола.
Синот на Френк повторно се врати да живее на улица и како што рекла неговата сестра, поради психичките проблеми не сфатил дека бил „мртов“.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка