-->
-->
Се судриле две возила во Дебар: Повредени повеќемина меѓу кои и две малолетни лица
-->
Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа соренто“, управувано од Н.Ј.(43) од с.Праленик, општина Центар Жупа и патничко возило „форд фокус“, управувано од Ќ.К.(46) од Дебар, двете со дебарски регистарски ознаки, велат од МВР.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Ќ.К. и М.С.(21) од с.Новак, општина Центар Жупа, сопатничка во возилото „киа соренто“, констатирани во Општата болница во Дебар.
Со телесни повреди се здобиле Н.Ј. и сопатниците З.Ј.(48) и С.Ј.(27) од с.Праленик, како и две малолетни лица од Дебар, сопатници во возилото „форд фокус“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Дебар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково