Џет-Сет
28. July 2018 - 11:32

Се роди и првото риалити бебе: Зачнат во српското реално шоу, Жељко ноќеска дојде во реалниот свет

Една од омилените српски реалити учеснички Милијана Кулиќ во доцните вечерни часови со царски рез на свет донесе син на кој му го даде името Жељко.

Невопечениот татко на бебето Иван Маринковиќ не е во добри односи со Кулиќ, но не ја криеше среќата поради раѓањето на синот првенец.

Тој има и ќерка од претходниот брак со популарната српска пејачка Гоца Тржан.

„Ја добив информацијата од новинрите дека Милијана вечерва се породила, но не успеав да се слушнам со неа зошто го исклучила телефонот. Со другарите сум сега и ми рекоа дека морам да облечам некоја стара маичка, да не ми ги кинат оние скапите. Шега на страна, но многу ми значи што добив син и се надевам дека нема за застанам кај второто дете. Ќе славиме вечерва, испив дури и едно пиво, иако со денови не пијам“, рече Маринковиќ.