Се реновира Домот на културата во Стојаково
Општина Богданци почна да го реновира Домот на културата во Стојаково со финансиска помош од Владата, преку Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини.
Од Општината информираат дека зафатот опфаќа санација на кровот, целосна замена на столаријата во објектот, реконструкција на просториите во влезниот хол, еден кат од објектот и приземјето на јужното крило. Во кино салата ќе се санираат оштетените делови од плафонската и подната подлога каде ќе се постави нов теписон, а ќе се инсталира и ново сценско осветлување.
Целта на оваа капитална инвестиција која изнесува 5,9 милиони денари, е да се создадат услови за подигнување на културниот живот во Стојаково и обезбедување простории за разни таргет групи и активности поврзани со потребите на жителите.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава