Се реконструира старата противпожарна зграда во Пехчево
Општина Пехчево започна со реконструкција на старата зграда во центарот на Пехчево, позната како противпожарна зграда. Со реконструкцијата, објектот ќе биде ставен во функција на пензионерите од Пехчево, но и за потребите на локалната самоуправа.
Градоначалникот Игор Поповски истакна дека на стариот и руиниран објект ќе се изврши комплетна адаптација и реконструкција, по што ќе се добијат 100м2 корисна површина за намена пензионерски клуб, а ќе се обнови и фасадата на објектот и ќе се постават нови врати и прозори.
- Се реконструираат просториите од првиот кат и пензионерите ќе имаат свое катче. Веќе започнаа градежните работи за реконструкција и адаптација на овој простор како Центар за пензионерите од Пехчево. Инвестицијата е на Општина Пехчево, но во реконструкцијата учествува и Здружението на пензионерите од Пехчево со свои средства. Очекувам овој простор да биде ставен во функција за неколку месеци, рече Поповски.
Инаку, освен просториите за пенизонерите, другиот дел од објектот ќе биде наменет за потребите на Локалната самоуправа , за ссувенирница и за музеј.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг