Живот
6. October 2015 - 14:44

Се бакнувале цела вечер, па го побара преку Фејсбук и дозна непријатна вистина за него

Пипа Мек Кини ги замолила своите пријатели на Фејсбук да и помогнат да го пронајде момчето со кое една вечер поминала во страсна прегратка, но погрешно го запишала неговиот број.

kissgirl

Пипа на својот профил ја поставила фотографијата на момчето со кое се бакнувала, а потоа социјалните мрежи буквално “експлодираа“, бидејќи ја споделуваа фотографијата на момчето во надеж дека ќе го пронајдат.

Нејзиниот пост бил лајкуван повеќе од 15.000 пати, а имал и преку 3.000 коментари.

Меѓутоа, кога момчето било пронајдено, извесен Мет, се дознало дека има девојка. Неговата девојка Емили дознала за фотографијата, а потоа се појавија низа негативни коментари на сметка на Мет. Пипа ја контактирала Емили и и рекла дека и е жал што предизвикала проблеми.

Приказната не би се проширила насекаде доколку светските медиуми не ги вмешаа прстите и не се обидоа да и помогнат на Пипа.

На крајот на овој интересен љубовен триаголник, Мет останат без девојка.