-->
-->
СДСМ: Пред секои избори Мицкоски или некој од партијата мора да отиде во Будимпешта
-->
Пред секои избори, Мицкоски или некој од партијата мора да отиде во Будимпешта, кај неговиот ментор, шеф и главен финансиер, Никола Груевски.
Минатата година, пред изборите Мицкоски исто така беше во Будимпешта. Ако тогаш отиде за Груевски да му ги состави листите за пратеници, дали сега Мицкоски отишол по пари за кампања за овие избори?
Новите насоки за деструктивност, блокади и кочење на републиката што Мицкоски ќе ги добие од Груевски ќе видиме.
Очигледно е дека Мицкоски не може да излезе од матрицата на Никола Груевски, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е раководена од Будимпешта.
Затоа на овие избори, нереформираната ВМРО-ДПМНЕ и нејзините погубни политики уште еднаш ќе бидат поразени од граѓаните.
Центар за комуникации на СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата