СДСМ: Насилниците зад кои стои ВМРО-ДПМНЕ дивееја низ храмот на демократијата
ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски се на браникот на криминалот и насилството. Тоа што ги бранат насилниците, кои на најцрниот ден за македонската демократија, 27 април 2017 година упаднаа во Парламентот и се обидоа да убијат пратеници, новинари и вработени во собраниските служби, е срамно.
Насилниците зад кои стои ВМРО-ДПМНЕ дивееја низ храмот на демократијата, пред камери тепаа пратеници, кршеа, уништува, се обидоа да ја погазат волјата на народот и ја доведоа државата на раб на граѓанска војна, не го бранеа Уставот, туку ја бранеа фотелјата на бегалецот од правдата Никола Груевски.
Но, Мицкоски кој е остаток од мрачното, режимско минато, нема да го одбрани криминалот.
Одговорност за сите криминали, вклучително и за организаторите на крвавиот четврток мора да има и ќе има.
Деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ се поразени на избори шест пати за четири години.
Граѓаните не за криминал и насилство, не се за лицемерие, лаги и блокади, затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција.
Реакција на СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан