Македонија
23. February 2024 - 12:23

СДСМ: Министерот на ДПМНЕ го закочи издавањето на пасоши

ДПМНЕ и министерот за внатрешни целосно го заглавија процесот на вадење пасоши – тврдат од СДСМ утрово.

„ДПМНЕ ги лаже граѓаните и создава уште поголем проблем со извадањето нови пасоши.

Од една страна нивниот министер за внатрешни работи во техничката Влада целосно го заглавува процесот со погрешни одлуки и чекори.
Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши го укина вадењето пасош без закажување.

Тоа го пролонгираше целиот процес со месеци. Граѓаните со денови не можат да закажат термин, а оние што се сликале не можат да го добијат пасошите со недели“ – се вели во соопштението на СДСМ